Сопругата на Мадуро: Јас сум првата дама на Венецуела и сум целосно невина

По обраќањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро пред федералниот суд во Соединетите Американски Држави, се огласи и сопругата Силија Флорес.
Таа вели дека е првата дама на Венецуела и не е виновна.
„Да, јас сум Силија Флорес Мадуро, јас сум првата дама на Венецуела“, изјави таа пред судот.
Нејзиниот настап беше сличен на оној на Мадуро, кој исто така инсистираше пред судот дека е претседател на Венецуела.
Флорес, исто така, се изјасни за невина по обвиненијата, додавајќи дека е „целосно невина“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ