Србија се сеќава за жртвите – една година од трагедијата под надстрешницата

Името на Васко Саздовски стои на табла на оградата пред железничката станица во Нови Сад.
Тоа е македонецот го загуби животот при падот на натстрешницата.
Со 16 минутен молк денеска се одбележува една година од трагедијата во која животот го загубија 16 лица, а едно беше повредено.
Десетици илјади граѓани од синоќа пристигнаа во Нови Сад.

Геолошкиот инженер Зоран Ѓајиќ, некогашен експерт консултант во процесот на реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, изјави дека, кога граѓаните ќе ги вратат своите институции, сите одговорни за оваа трагедија ќе бидат повикани на одговорност.
„Плукањето по загинатите по нивните души, тоа Бог никогаш нема да им го прости. А овој народ кога ќе ги добие своите институции, ќе ги процесуира на вистински начин, секој ќе го стигне заслужената казна. Од претседателот на државата до последниот кој ја бетонирал оваа натстрешница“, вели Зоран Ѓајиќ.
Вишиот суд во Белград денеска го потврди обвинението во врска со уривањето на настрешницата. Во суд ќе седнат раководителот на инфраструктурата на Српските железници и двајца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица.
Професорката Смиљана Милинков рече дека во односот меѓу градските и републиканските власти – „нема ни трошка емпатија“.

„Градските власти, па републичките, немаат ниту најмалку емпатија. Како ова да не се случи но Нови Сад. Како ова да не се случи во нашата држава. И тоа е она што нам многу не боли. Таа најмала човечност некој да покажеше. Тоа е она што ни го повредува достоинството и тоа многу боли“, вели Смиљана Милинков.
Трагедијата во голема мера се припишува на владина небрежност, ендемска корупција и сомнителни зделки склучени со кинески градежни компании кои учествуваа во неодамнешните реновирања на железничката станица. Првично, протестите започнаа како спорадични демонстрации на кои се бараше одговорност за трагедијата во Нови Сад. Сепак, тие брзо еволуираа во национално движење кое се занимаваше со пошироки прашања како што се барањата за предвремени избори и големи демократски реформи. Движењето доби широка поддршка од различни сегменти на српското општество.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ