Стив Виткоф на 2 декември во Москва на разговори со Владимир Путин

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денес патува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин на 2 декември, објавија медиумите, повикувајќи се на неименуван американски функционер кој го потврди датумот на средбата.
Според рускиот телевизиски канал „Россија 1“, Виткоф дал позитивна оценка за разговорите меѓу американската и украинската делегација одржани во неделата во американската држава Флорида. Како што објавија медиумите, по вчерашната средба, американскиот дипломат ја потврдил својата подготвеност да се сретне со Путин во Москва во вторник, 2 декември.
Во исто време, според извори на Си-Ен-Ен, сè уште не е познато дали зетот на Трамп и еден од главните американски преговарачи во врска со завршувањето на војната во Украина, Џаред Кушнер, ќе патува со Виткоф, иако Трамп претходно посочи дека тоа ќе биде случај.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ