Страшна семејна трагедија ја погоди денеска Бугарија, откако се случило тројно убиство во селото Љулјаково во општина Руан на југоистокот на земјата.
25-годишен маж убил тројца членови на своето семејство, при што потоа ја запалил куќата.
Неговиот седумгодишен брат, успеал во последен момент да избега, иако бил ранет, сепак, успеал да се спаси и да ја извести полицијата.
Како што објавува бугарскиот портал „Нова“, несреќата се случила околу четири часот наутро. Осомничениот најпрво ја застрелал 73-годишната тетка, 47-годишната мајка и 13-годишната сестра. По пукањето, ја запалил семејната куќа во обид да ги уништи трагите за злосторството.
Сепак, седумгодишно момче, брат на осомничениот успеал да избега и веднаш пријавил во полиција која реагирала. На местото на настанот биле испратени екипи за итни случаи, а откако пожарот бил изгаснат, биле пронајдени три јагленисани тела. Преживеаното момче е пренесено во болница.
Полицијата нешто подоцна го уапси осомничениот. Регионалното обвинителство во Бургас започна истрага. Мотивот на ова кривично дело и натаму е непознато.
Страшна семејна трагедија во Бугарија: Маж си ги убил мајката, сестрата и тетката, а потоа ја запалил куќата
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft