Струга ќе биде почиста – во градот пристигнуваат две нови специјализирани возила за собирање отпад, наменети за тесните улици во централното градско подрачје.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.200.000 денари.
Во текот на 2025 година, Центарот за развој на Југозападниот плански регион го спроведува проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија“, финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој.
Проектот има за цел унапредување на комуналните услуги во пет општини од регионот, преку набавка на современа опрема и нови возила.
Со оваа инвестиција се зголемува ефикасноста на работата, се намалуваат оперативните трошоци и значително се подобрува квалитетот на живот за жителите на Струга и регионот.
Новите возила ќе придонесат за почисти улици, побрзо собирање отпад и поефикасно функционирање на комуналните служби.





