Струга започнува голем инфраструктурен проект: Замена на азбестните водоводни цевки

✅Ја започнуваме 2025 година со голем проект

По успехот од минатата година, каде претпријатието за прв пат финансиски ја затвори годината со добивка, оваа година започнува со уште еден голем проект.
На 15.02.2025 година, благодарение на максималната посветеност на директорот на претпријатието, проф.д-р Дашмир Насуфи, во соработка со градоначалникот на општина Струга, д-р. Рамис Мерко, и професионалните екипи на ЈП “Водовод и Канализација” Струга и Општина Струга, започнува првата фаза од проектот за замена на азбестни цевки во водоводната мрежа на град Струга.
Овој проект започна со подготовките од 2022, за да се реализира оваа година, во рамките на договорот за финансирање СЕРАПИС, меѓу РСМ и Европската Инвестициска Банка.
Проектот опфаќа околу 8 километри, приближно 8200 метри и ќе биде еден од најважните проекти во однос на нормалното функционирање на водоводната мрежа во градот и околината.

За Струга што ја сакаме, секогаш во служба на градот и граѓаните!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ