Струга:Општинските инспектори секојдневно ќе излегуваат на терен

Работна средба со општинските инспектори и претставниците на полицијата во Струга

Денес, во просториите на општината се одржаа две работни средби, првата со општинските инспектори, а втората со началникот на полициската станица во Струга.

Дискусиите беа во насока на почитување на редот во градот, за подобро одвивање на туристичката сезона.

Општинските инспектори секојдневно ќе излегуваат на терен, за да следат дали се почитуваат решенијата за поставување урбана опрема или за јавните површини што ги користат угостителите, во градот и покрај езерото.

Со претставниците на МВР, полициската станица Струга, се разговараше за одржување на јавниот ред и мир и за патниот сообраќај, со цел гостите и туристите да се чувствуваат безбедно и да уживаат во убавините на Струга.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ