Група струшки планинари за малку избегнаа напад од мечка при искачување на врвот Парумба во Јабланица.
На видеото, снимено од друга група, се гледа како мечка се приближува со голема брзина, но бучавата од дронот и врисоците ја исплашиле, па се повлекла назад во шумата.
Овој инцидент е потсетник за претпазливост при движење низ дивите предели.