Маж кој бил сведок на катастрофален пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана, изјавил за Скај њуз дека видел панични гости како се газат едни преку други додека се обидувале да избегаат од преполниот простор.
Самуел Рап бил во ресторан во близина на Ле Констелашн кога избувнал пожарот околу 1:30 часот по локално време. Тој ја опишал сцената како „ужасна“.
Околу 100 луѓе биле повредени во пожарот, за кој се стравува дека одзел десетици животи, а повеќето од нив биле сериозно повредени и имале тешки изгореници.
Рап рекол дека му било кажано дека имало „експлозија“ во зградата, а потоа се упатил кон местото на настанот.
„Имаше многу луѓе на влезот кои се обидувале да избегаат. Местото беше преполно и луѓето се газеа едни преку други обидувајќи се да излезат. Многу луѓе врескаа додека се обидуваа да избегаат, а јас видов многу луѓе како лежат на подот“, изјавил тој за Скај њуз.
Тој додаде дека видел лице како го покрива лицето на една жртва со јакна и дека „многу луѓе ја изгубиле косата поради изгореници“.
„Некои луѓе дури и не носеа облека“, рече тој.
На прашањето какви клиенти имало во барот „Ле Констелејшн“, Рап одговори: „Луѓето доаѓаат тука од целиот свет“.
Тој додаде дека многу луѓе доаѓаат таму од Англија, Холандија и цела Швајцарија.
„Луѓето се на возраст меѓу 16 и 18 години. Ужасно е“, рече Рап.
Службите за итни случаи сè уште се на местото на настанот. Новинарот на „Скај њуз“, Џејсон Фарел, кој е на терен, рече дека луѓето со кои разговарал биле длабоко трауматизирани од трагедијата.
„Ова е целосен шок. Многумина сè уште се обидуваат да се помират со она што се случило. Ова е огромен шок за луѓето од Кран-Монтана“, рече Фарел додека луѓето се собирале зад полициската лента што ја блокирала областа околу барот.
Друг светок за Би-Би-Си раскажа како влегол во запалената зграда во обид да ги спаси луѓето што сè уште биле внатре.
„Слушнавме силна експлозија, а потоа видовме густ чад. Мислев дека мојот помлад брат е внатре, па отидов и се обидов да го скршам прозорецот за да им помогнам на луѓето да излезат“, рече тој.
Тој додава дека видел луѓе како горат од глава до пети, без облека, по влегувањето, додавајќи: „Беше ужасно и многу шокантно“.
Сведокот рече дека пожарникарите и лекарите брзо ја презеле ситуацијата, но тој се обидел да помогне колку што можел – делејќи вода и облека на повредените, па дури и давајќи му ја јакната на еден човек со изгореници.
„Многу е вознемирувачки затоа што одев во тој бар речиси секој ден… истиот ден кога не отидов, избувна пожарот“, рече тој.
Сведок на пожарот во Швајцарија: Луѓето газеа едни преку други за да избегаат
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft