Тешка несреќа на излезот од Охрид: Возач заглавен во автомобилот, две возила излетале од патот

Несреќа се случи на излез од Охрид, во правец кон Кичево.

Две возила се излетани од патот, а според првичните информации има и повредено лице. Сведоци за „Скопје1“ велат дека возач на автомобил „голф“ кој учествувал во несреќата, е заглавен во автомобилот.

Поради несреќата, има долги колони на патниот правец. Повеќе информации подоцна.

На овој патен правец има постојано несреќи, а најчсто во тек на летната сезона.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ