Тошковски: Запленети 450 мрежи за незаконит риболов, намалени сообраќајните несреќи

Во текот на 2024 година од страна на полициските службеници се одземени вкупно 27 километри мрежа со која се вршел незаконски риболов и вкупно околу 450 мрежи кои се складирани на соодветно место за во иднина да бидат уништени.

Ова го посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денес оствари посета на Полициската станица за гранинчен надзор „Охридско Езеро“, сообраќајната полиција при СВР Охрид, како и на полициските службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и на македонското МВР кои спроведуваат заеднички патроли на подрачјето на Охрид.

Многу ќе биде битно во иднина да се фокусираме на сузбивање на еколошкиот криминал и во рамки на сите препораки кои ги добиваме од Европска Унија. Поради ова давам значење на се тоа што е преземено од езерската полиција и во иднина најавувам уште повеќе дека ќе се бориме против овој вид на криминал. Со идната систематизација во рамки на Министертвото за внатрешни работи ќе предвидиме и посебно одделение или оддел кој ќе треба во рамки на Одделението за организиран криминал да постапува со фокус на ова кривично дело, рече Тошковски.

Во рамки на денешната посета, министерот се информирал и за бројот на сообраќајни несреќи во тековната година на територијата на Општина Охрид.

Извршивме и посета на сообраќајната полиција во рамки на СВР Охрид каде констатитравме дека некаде околу 200 сообраќајќи се случени на територија на Општина Охрид и за жал една жртва. Во оваа насока има 50% намалување во сооднос со 2023 година. Во иднина ќе се фокусираме на обезбедување на соодветни човечки и технички ресурси се со цел да можеме посоодветно да се бориме со сообраќајниот хаос кој го има на територија на државата, и секако на територија на СВР Охрид, заклучи Тошковски.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ