Трагичен крај на потрагата на изгубената девојка во Србија: Заедно со партнерот пронајдени во канал

20-годишната Ана од Златибор, која вчера тргнала во Белград на факултет, по што и се губи секаква трага, е пронајдена во безживотна состојба во канал во близината на Чачак, јавува српската полиција, пренесува РТС.
Заедно со неа е пронајдено и тело на 37-годишен маж, веројатно нејзин партнер.
Пожарникарите и спасувачите ги извлекле двете тела од автомобил пронајден во Овчарско-кабларската клисура, потврди полицијата. Случајни минувачи го забележале автомобилот за кој се верува дека бил баран во близина на езерото Меѓувршје вчера попладне.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ