Трамп: Авганистан, Колумбија и други земји неуспешни во борбата против трговијата со дрога

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во декларација наведе дека Авганистан, Боливија, Бурма, Колумбија и Венецуела ќе бидат додадени на списокот на земји кои, според мислењето на САД, не ги исполниле своите обврски во борбата против наркотиците во текот на изминатите 12 месеци.

Таа одлука може да влијае на финансирањето на тие земји, предупреди американската администрација, објави Ројтерс.

„Со ова ги назначувам Авганистан, Боливија, Бурма, Колумбија и Венецуела како земји кои не ги исполниле своите обврски според меѓународните договори за борба против наркотиците во последните 12 месеци“, рече Трамп во декларацијата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ