Трамп: Иран ги покани САД на преговори, разгледувам многу силни воени опции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските власти упатиле повик до Соединетите Американски Држави за преговори, додека тој разгледува, како што наведе, „многу силна“ воена акција против иранскиот режим поради смртоносните мерки против демонстрантите.
„Тие се јавија вчера. Иран побара да се преговара. Лидерите на Иран сакаат да преговараат. Мислам дека се уморни од американските удари. Иран сака да преговара со нас“, изјави Трамп синоќа, пренесува денес CNN.
Трамп истакна дека неговата администрација ги следи смртоносните протести во Иран и дека продолжува да ја разгледува можноста за воена интервенција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ