Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека ќе прогласи национална вонредна состојба и ќе го федерализира Вашингтон откако градоначалничката Муриел Баузер изјави дека полицијата нема да соработува со Службата за имиграција и царина (ICE).
Најновата закана на Трамп е надополнување на потег што критичарите го сметаат за пречекорување на федералните овластувања.
Неколку илјади демонстранти излегоа на улиците овој месец поради распоредувањето на трупите на Националната гарда во август за „повторно воспоставување на законот, редот и јавната безбедност“ во Вашингтон.
„За само неколку недели, градот процвета… За прв пат по децении, практично нема криминал“, напиша Трамп на платформата Truth Social.
Тој ги обвини „радикалните левичарски демократи“ за притисок врз градоначалничката Мјуриел Баузер да ја извести владата за несоработката со ICE.