Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела.
„Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што некогаш е запленет. Се случуваат и други работи, па ќе го видите тоа подоцна и ќе разговарате за тоа подоцна со други луѓе“, изјави Трамп пред новинарите, според „Гардијан“.
Овој потег претставува голема ескалација на кампањата на притисок на САД врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft