Трамп: САД ќе продолжат со нуклеарните тестови

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе продолжат со нуклеарни тестирања, без исклучување на можноста за подземни тестови.
Трамп не одговори директно на прашањата на новинарите во претседателскиот авион на лет кон Флорида дали тоа ќе вклучува традиционални подземни нуклеарни тестови кои биле вообичаени за време на Студената војна.
„Ќе дознаете наскоро, но ќе спроведеме некои тестови“, изјави Трамп.
Во четврток, Трамп рече дека наредил на американската војска веднаш да го рестартира процесот за тестирање на нуклеарно оружје по пауза од 33 години.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ