Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување за потенцијална опасност од излевање на реките. Предупредувањето се однесува на денешниот и утрешниот ден.
Според објавената карта на УХМР во деловите кои се обоени во жолта боја, станува збор за западните, југозападните, северните и североисточните делови од државава, постои потенцијална опасност.
Делот од територијата на државата кој е означен со зелена боја на хидролошката карта засега е во зоната каде нема опасност од излевање на реките.
Според последните информации за водостојот на Охридско Езеро истиот е 11 сантиметри над просекот за ноември, додека нивото на реката Сатеска кај Ботун 43 cm со чекување за почакување во одонос на денешното измерено.