Украина подготвува закон за одржување избори во време на воена состојба

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им наложи на пратениците да подготват правна рамка за одржување избори за време на воена состојба. Сепак, оваа иницијатива не значи подготовка за претстојното гласање, туку одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија украинските медиуми.
Според извори од украинската влада, целта на овој потег е да им се покаже на меѓународните партнери подготвеност за демократски процеси, и покрај руската агресија. Иницијативата дојде како реакција на забелешката на Трамп дека избори не се одржани во Украина долго време.
Се нагласува дека одржувањето на какви било избори е можно само доколку се создадат соодветни безбедносни услови. Ова подразбира значително намалување на нивото на непријателства, односно прекин на руското гранатирање и другите воени активности со цел заштита на гласачите и изборниот процес.
Минатата недела се одржа работен состанок на кој се дискутираа главните предизвици, од безбедноста до организацијата на самото гласање. После тоа, започна подготовката на нацрт-закон што треба сеопфатно да го регулира ова прашање.
Украина во моментов нема закони што дозволуваат избори во воено време, но украинскиот парламент, Врховната рада, изрази подготвеност да ги подготви сите потребни документи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ