Украинските власти: Три лица загинаа, 17 се повредени во руски напад

Три лица, вклучувајќи и еден болничар, беа убиени во руските ракетни напади врз Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти, додавајќи дека 17 се повредени.
„Еден болничар е убиен, а друг е повреден по повторен ракетен оган врз населбата Петропавливска во регионот Дњепропетровск“, во централно-источна Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи на социјалните медиуми.
Во регионот, една жена е убиена, а седум лица се повредени, соопшти министерството, додавајќи дека се оштетени противпожарни возила, станбени згради и продавници.
Москва, исто така, го таргетираше Киев, каде што едно лице е убиено, а десет се повредени, изјави Тимур Ткаченко, началник на градската воена администрација.
Русија испали „девет балистички ракети Искандер-М и „64 дронови за напад“ и други видови беспилотни летала во Украина, според украинските воздухопловни сили, кои тврдат дека уништиле 50 дронови и четири ракети.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ