УНДП и Општина Струга со нова опрема за почист град и подобар квалитет на воздухот

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот – фаза 2“, кој се реализира во партнерство со Амбасадата на Шведска во Скопје, Канцеларијата на УНДП и Општина Струга, денес во посета на локалната самоуправа беше постојаниот претставник на УНДП, Армен Грегоријан.

За време на посетата беше извршен официјален трансфер на сопственоста на опремата набавена со заеднички средства од проектот – модерна машина за чистење улици и цистерна за миење со капацитет од 8m³. Новата опрема ќе му овозможи на тимот на ЈП „Комунално Струга“ значително да го подобри одржувањето на урбаната хигиена и квалитетот на воздухот во градот.

Градоначалникот Менди Ќура и претставникот Грегоријан разговараа за досегашната соработка помеѓу Општина Струга и УНДП, тековните активности и можностите за проширување на заедничките проекти во повеќе области.

Како следен чекор, договорена е набавка на дополнителна помала цистерна со капацитет од 4m³, наменета за чистење на потесните градски улици и руралните населени места, која се очекува да се реализира во многу скоро време.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ