УНЕСКО вети дополнителна помош за Украина

Директорката на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), Одре Азулај при денешната посета на Киев вети дополнителна помош за Украина.

– Од првите денови на војната, УНЕСКО застана зад Украинците за да им помогне да ги заштитат културата, наследството, образованието и безбедноста на новинарите, изјави Азулај, која е во дводневна посета на Украина.

Таа посочи дека УНЕСКО во Украина достави материјалите за зачувување на спомениците и уметничките дела, како и 50.000 компјутери за да се овозможи учење на далечина, како и обезбедена е заштитна опрема за новинарите. Азулај наведе дека помошта од УНЕСКО изнесува 30 милиони долари.

Таа најави дека помошта ќе продолжи и ќе се зголемува во 2023 година и во наредните недели УНЕСКО ќе додели повеќе од десет милиони долари за образование, главно за да обезбеди дополнителна помош од психолозите за учениците.

– Штетата од војната е огромна, посочи Азулај, додавајќи дека ќе бидат потребни уште 6,9 милијарди долари во следните десет години за обнова на културниот сектор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ