Во Јабланица е пронајдено уште едно тело, со што бројот на жртвите од поплавите што ги погодија Јабланица, Коњиќ и неколку општини во централна Босна се искачи на 23.
Шестиот ден по поплавите на подрачјето на Јабланица и Коњица продолжува потрагата по најмалку три лица.
Стотици припадници на Цивилната заштита од Босна и Херцеговина и тимови за пребарување и спасување од земјите од регионот деноноќно се на терен каде работат на санирање на последиците од поплавите.
Стотици луѓе се уште чекаат помош и реконструкција на инфраструктурата.