Ужас во Хрватска: Мајка си го убила своето тукушто родено бебе

Млада мајка во Хрватска е уапсена под сомнение дека го убила своето новороденче.

Страшното злосторство ја шокираше Хрватска. Како што неофицијално дознава 24сата.хр, телото го пронашол член на семејството кој за се ја известил полицијата. Во тек е истрага.

Како што пишува „Јутарњи лист“, трагедијата се случила во Крапина, каде што телото на бебето во саботата по полициска истрага било пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика.

Во тек е обдукција која ќе даде одговори како точно починало бебето.

Од тој исход ќе зависи текот на кривичната истрага која е во тек, која ја води ПУ Крапина-Загорје под раководство на обвинителството.

Целиот случај го потврдија и од Државното обвинителство (ДОРХ), кое наведува дека жената (22) се товари за тешко убиство и соопшти дека и е одредена мерка притвор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ