Ужасни сцени од детската Лига на ФФМ: Масовна тепачка, дечињата ПЛАЧАТ! (ВИДЕО)

Завршниот викенд на детската лига на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) требаше да биде место каде што дечињата ќе се забавуваат и ќе создадат спомени, но дуелот меѓу Сарај и Фит Кит од генерацијата 2011 се претвори во стрес за најмладите.

На фудбалскиот терен во Ново Лисиче се случи сериозен инцидент кога неколку возрасни лица влегоа да се пресметаат физички меѓу младите фудбалери додека обезбедувањето се обидуваше да ги запре во намерата.

Фудбалерчињата дефинитивно не треба да се сведоци на ваков ужасни сцени на фудбалскиот терен, а на ФФМ е конечно да донесе мерки за спречување на вакво насилство. Ако воопшто може да се смират бесни родители, кои имаат преголем натпреварувачки дух дури и кога се во прашање 13-годишни деца.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ