Вчера, привремената венецуелска влада прогласи седумдневна национална жалост за припадниците на армијата убиени во американскиот напад врз Каракас, кој беше започнат со цел апсење на авторитарниот лидер Николас Мадуро.
„Одлучив да прогласам седумдневна национална жалост во чест и спомен на младите жени и мажи кои ги жртвуваа своите животи во одбраната на Венецуела“, изјави вршителот на должноста претседател Делси Родригез на државната телевизија.
Најмалку 24 војници беа убиени во американскиот напад рано наутро во саботата.
„Во спомен: 24 ѕвезди од нашето боливарско небо беа откорнати од кукавичка империјалистичка рака“, се вели во соопштението на вооружените сили објавено на Инстаграм, заедно со фотографии од починатите мажи и жени.
View this post on Instagram
A post shared by Ejército de Venezuela (@ejercito_ve)