Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира , вечерва ќе ја одржи својата завршна средба со жителите на Лабуништа.
Кампањата, како што истакна Ќира , ја започнал со жителите на оваа населба, а со нив сака и да ја заврши. Настанот ќе се одржи вечерва во 21:00 часот во штабот на кандидатот во Лабуништа.
Оваа средба, како што најави, ќе биде пријателска и ќе послужи како можност тој лично да им се заблагодари на граѓаните за поддршката што ја даваат во текот на кампањата, но и да се разговара за идните планови и визии за општината.
Со оваа средба Менди Ќира го заокружува изборниот циклус во Лабуништа, испраќајќи порака за единство, соработка и заедничка иднина на Струга и струшкиот регион.