Две деца (брат и сестра) се спасени по поминати 36 часа под урнатините во Сирија. На социјлните мрежи се појави снимка од спасувачит кои ги извлекуваат од срушената куќа.
Додека се бара најдобриот пат за да им се пристапи, спасувачите ги охрабруваат децата да бидат силни и да не плачат.
Девојчето кое се вика Мариам има 7 години , за сето време го галела помалото братче Илаф по косата и со раката му ја штитела главата.
Светските медиуми пренесуваат дека во еден момент девојчето тивко му кажало на човекот да ја спаси од урнатините.
-Извлечиме од тука, ќе направам се за тебе. Ќе ти служам, му рекло исплашеното девојче, на што спасувачот одговорил „Не, не“.
Фотографијата на двете деца предизвика бура емотивни реакции.