[ВИДЕО/ФОТО] Невремето предизвика хаос во Италија: паднат кран во Рим, поплави во Џенова и итни евакуации“

Силното невреме што погоди делови од Италија предизвика два одделни инциденти, но засега нема пријавено повредени, пренесуваат италијанските медиуми.

Во главниот град, Рим, на едно градилиште се урна кран, а дел од него завршил на балконот на петтиот кат од шесткатна зграда. Три семејства биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Во Џенова, пак, поројните дождови предизвикале свлечиште што резултирало со уривање на потпорен ѕид во близина на двор на приватна куќа. Оштетувањето на гасоводната мрежа побарало итна интервенција на службите, кои сè уште истражуваат дали има затрупани под урнатините. Пет лица биле евакуирани од засегнатата област.

Невремето предизвика штети и во регионите Лигурија и Тоскана. Во Фиренца, одредени делови од градот се најдоа под вода, а најмногу настрадале населбите Олтрарно и Галуко, според соопштението на локалната полиција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ