ВИДЕО: Хаос во Тирана, фрлени молотови коктели врз кабинетот на премиерот

Опозицијата вечерва протестираше во Тирана, поради одлуката за одземање на мандатот на пратеникот на Демократската партија, Ервин Салијањи, кој беше осуден на една година затвор.

Неколку илјади граѓани се собраа во главниот град на Албанија. Молотови коктели биле фрлени пред зградата на Владата, а дошло и до судир меѓу насобраните и полицијата. Повредени има и меѓу демонстрантите и полицајците.

Протестот започна во 18 часот, а планот беше насобраните своето незадоволство да го изразат пред владата но и пред другите институции во главниот град.

Се собраа неколку илјади демонстранти, од Тирана и други градови во Албанија.

Пред зградата на Владата дошло до судир меѓу толпата и полицијата, а врз премиерскиот кабинет биле фрлени молотови коктели.

Потоа демонстрантите продолжија кон седиштето на Социјалистичката партија на чело со премиерот Еди Рама.

Како што јавува дописникот на Косово онлајн, таму судирите биле поинтензивни, а кон зградата биле фрлени факели. Оштетен е штабот на социјалистите, особено првиот кат.

Факели беа фрлени и врз зградата на градската управа на Тирана, при што беа повредени неколку демонстранти и еден полицаец. Полицијата соопшти дека се повредени 10 полицајци.

Протестот го предводеа лидерите на демократите Газмент Барди и Фљамур Нока, но политичарите вечерва не се огласија.

Опозицијата протестира и поради судскиот процес против нејзиниот лидер Салиј Бериша, кој моментално е во домашен притвор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ