Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во градот Шанлиурфа, кога камион удрил во три возила, по што паднал од надвозник.
Еден од автомобилите, кој бил погоден од камионот, исто така бил повлечен при падот, јавува ТРТ.
На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на итната помош, пожарникари и полиција.
На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки од моментот кога возилата паѓаат од надвозникот.