ВИДЕО: Над 400 уапсени во немирите во Бразил

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораес, одлучи да го суспендира гувернерот на Бразил, Ибањез Роша, на 90 дена, поради „злонамерно непостапување“ што им овозможи на приврзаниците на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро да упаднат во зградите на федералната влада на Бразил.

Пред одлуката за суспензија, гувернерот Роша рече дека најмалку 400 луѓе биле уапсени по рациите на клучните владини згради во Бразилија, велејќи дека одговорните „ќе платат за извршените злосторства“, објави Си-Ен-Ен.

Судијата Мораес, исто така, нареди во рок од 24 часа да се распуштат камповите што ги поставија поддржувачите на Болсонаро пред воените бази, како и да се деблокираат патиштата и да се ослободат бразилските владини објекти, се вели во извештајот на Ројтерс.

Де Мораес нареди и да се блокира пропагандата на пучистите на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и ТикТок.

Претседателот Лула беше на претседателската позиција од 2003 до 2011 година, а минатата година во октомври, по безмилосната изборна кампања што го подели Бразил, во вториот круг од изборите го победи својот лут противник, десничарскиот и актуелен претседател Жаир Болсонаро со околу еден процент гласови, се потсетува во извештајот на Ројтерс.

Според официјалните резултати, Лула освоил 50,9 отсто од гласовите, а Болсонаро 49,15.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *