ВИДЕО: Објавена симулација на пораст на нивото на водата за време на ураганот Милтон

The WEATHER Channel објави симулација за тоа што може да очекува западниот брег на Флорида од ураганот Милтон, кој се прогнозира дека ќе предизвика драстично зголемување на нивото на морето.

„На ниво на вода од 1 метар над нормално сувата земја, водата веќе станува опасна по живот.

Hurricane Milton is expected to bring a destructive storm surge to Florida’s west coast. @StephanieAbrams uses our FloodFX simulation technology to show you what that could look like pic.twitter.com/rg996zNHy2

— The Weather Channel (@weatherchannel) October 8, 2024

Водата вака високо може да ве собори, автомобилите пловат и невозможно е да се вози“, вели Абрамс додека зад неа на голем екран е прикажана симулација на зголеменото ниво на водата.

„Се очекува водата да се зголеми уште повеќе од тоа, додаде таа. „На висина од 2 метри, над висината на повеќето луѓе, автомобилите веќе се занесуваат, структурите почнуваат да попуштаат“, рече Абрамс.

„Најстрашното е што во некои области може да има нивоа на вода од 3 и 4,5 метри“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ