Косовскиот хидрометеоролошки институт (КХИ) објави дека како резултат на континуираните врнежи од дожд во текот на изминатите неколку дена, се случиле локални поплави во неколку области од земјата, поточно во западниот дел (Ѓаковица, Јуник, Дечани, Малишево, Клина), како и во централниот дел.
Неколку реки се излеале од своите корита.
„Се очекува овие врнежи од дожд, со различни интервали и интензитет, да продолжат во текот на наредните денови, предизвикувајќи локални поплави, проблеми со сообраќајот, канализациските системи и тешкотии во сообраќајот“, се наведува во соопштението.
ВИДЕО: Поплави во неколку региони во Косово
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft