(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

Шумски пожари има во турските летувалишта, а евакуирани се гостите на хотели во Кушадаси.

Шумски пожари избиле во Езине во округот Кушадаси во провинцијата Ајдин и во окрузите Мендерес, Селчук, Тир и Чешме во Измир, а турските пожарникари ги гасат од копно и од воздух. Евакуирани се жителите на неколку села. Првиот пожар избил во атарот на селото Карачадаг, вчера попладне, и неговото гасење почнало во рок од десетина минути, вклучувајќи и од воздух, пренесе телевизијата ТРТ Хабер.

Друг пожар избил во одморалиштето Чешме во истата провинција Измир, како и долж автопатот Измир-Чешме. Поради пожарот делницата од Измир до Чешме била затворена за сообраќај околу дваесетина минути, но по интервенцијата на пожарникарите, патот е повторно отворен.

Голем шумски пожар гори во провинцијата Измир во близина на приморското село Памучак, а набрзо се проширил до шумата на одморалиштето Кушадаси во соседната провинција Ајдин.

Сообраќајот на автопатот Селчук-Кушадаси е прекинат поради пожарот, кој од воздух го гасат четири авиони и пет хеликоптери.

Поради пожарот кој поради ветерот се движел кон Кушадаси, евакуирани се два хотели во округот Бајраклидеде. И претходните години во екот на сезоната имаше пожари во Турција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ