Зголемен е бројот на загинати поради поплавите во Централна Европа.
Шест лица загинаа во Романија. Петмина загинаа во Полска. Вкупно три лица загинаа во Австрија: викендов загина пожарникар, а две лица се пронајдени удавени во своите домови, јавува Ројтерс. Едно лице почина во Чешка.
Јужниот дел на Полска се соочува со големи поплави, а многу жители чекаат до последен момент да ги напуштат своите домови, ризикувајќи го своето здравје и живот. Пожарникарите деноноќно се на терен и им помагаат на жителите да се борат со водениот бран. Еден од драматичните моменти е снимен во Клоџко, Полска, каде што пожарникарите спасиле постара жена качувајќи се на покривот на поплавената зграда.
Објавено е видео од спасувањето на четворица доброволни пожарникари од Крново.