Ѕвончето на Детската клиника во Скопје уште еднаш гласно заѕвони, овојпат од рачињата на малата хероина Амина.
Облечена како принцезата Елса, во син фустан, со перика со плетенки, круна на главата и магично стапче во рака, малата Амина замина дома. Таа ја победи најтешката битка, а видеото кое ќе ги разбуди емоциите кај вас е доказ дека убавите работи се она кое треба да ја наполни сечија душа со топлина.
Како што може да се види од видеото, до победничкото ѕвонче малата Амина ја носи нејзиното семејство, а звукот само означува крај на ерата во која сме сигурни дека ниту едно друго семејство не сака да биде.
Од Клиниката за детски болести на социјалните мрежи напишаа:
„Нова радосна вест од Клиника за детски болести!
Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашата суперхероина АМИНА храбро помина и ја освои тешката битка.
На АМИНА ѝ посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“.