ВИСТИНСКА БОМБА ЕКСПЛОДИРА ВО СУДОТ ВО ПОДГОРИЦА! Има загинати и повредени (ВИДЕО)

Од Полициската управа неофицијално ја соопштија веста дека во Основниот суд во Подгорица дошло до експлозија.

Триесет и деветгодишниот М.Б е убиен откако активирал рачна бомба на влезот на Основниот суд во Подгорица, неофицијално дознава „Вијести“. Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдивме дека е убиен М.Б.(39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени лица на кои им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар“, рече тој.е Срѓа Кораќ од Криминалистичката полиција.

Да потсетиме, пред неколку дена во зградата на Собранието на главниот град на Црна Гора, обезбедување пронашло белешка со порака дека ќе бидат кренати во воздух.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ