„Виз ер“ ја заврши 2023 година уште еднаш соборувајќи го сопствениот рекорд – над 60 милиони патници избраа да патуваат со авиокомпанијата минатата година, што е досега највисокиот годишен патнички сообраќај за „Виз“ и пораст од 32% во споредба со 2022 година.
Во 2023 година „Виз ер“ започна речиси сто нови линии, испорача 32 сосема нови авиони Ербас А321нео и прелета 263 милиони километри заедно.
Во 2023 година авиокомпанијата изврши 99,31% од своите планирани летови, што е трет резултат меѓу сите европски авиокомпании и многу над просекот во индустријата. „Виз ер“ исто така се рангираше во ТОП-3 авиокомпании во Европа според уделот на летови извршени точно на време.
Лани со „Виз ер“ летале 2,2 милиони патници во Македонија, што претставува зголемување од 30% во споредба со 2022 година.
Авиокомпанијата им нуди на патниците преку 30 линии до 15 земји од својата база во Скопје. „Виз ер“ реализираше над 10 илјади летови до и од Македонија во 2023 година, а во исто време значително ги подобри оперативните перформанси, достигнувајќи 99,1% стапка на извршени летови.
„Горди сме и среќни што ја завршивме 2023 година со рекорден патнички сообраќај, со мрежа која постојано се развива, со напредна флота и со подобрени оперативни перформанси додека ги задржуваме највисоките стандарди за одржливост во индустријата.
Македонија е еден од клучните пазари во мрежата на „Виз ер“ и ние сме горди што сме водечка авиокомпанија во земјата. Следната година ќе славиме 20 години од ослободувањето на животите на луѓето преку патувања по пристапни цени и едвај чекаме да ги споделиме сите возбудливи авантури и незаборавни моменти кои доаѓаат со нашите патници,“ изјави енаџерот за корпоративни комуникации на „Виз ер“,