Членовите на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Струга, предводени од заменик-министерот за правда Ален Деребан, пратеникот Јован Јаулески, носителот на советничката листа Коста Хиохи, кандидатите за советници, функционери и активни членови, денеска остварија посета на Лабуништа – една од најголемите рурални населби во општината, позната по својот позитивен прираст и значајниот придонес во буџетот на локално и централно ниво.
Претставниците на партијата истакнаа дека Лабуништа заслужува повеќе и дека е време зборовите да се претворат во дела. „Нашата цел денес беше да ги увериме граѓаните дека гласот за Ерол Зенделоски, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, е глас за промени и подобра иднина – не залудно потрошен глас, туку вистинска шанса да се покаже дека може поинаку,“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додадоа дека шансата за избор на локална власт се пружа еднаш на четири години и повикаа жителите на Лабуништа да го направат вистинскиот избор за подобра и поразвиена заедница. „Време е повторно да го видиме сјајот на јабланичкиот бисер,“ порачаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ – Струга.











