Во Франција се најавени 250 собири низ целата земја по повод Денот на социјалната мобилизација утре, 18 септември, а проценките укажуваат на можноста бројот на демонстранти да достигне 800.000.
Се очекува масовен одѕив на едукатори, студенти, транспортни работници, таксисти и индустриски работници, додека речиси 80.000 полицајци ќе бидат распоредени за да го обезбедат јавниот ред и мир и да спречат немири.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејтаљо испрати телеграма до раководителите на полицијата низ цела Франција во која ги наведува насоките и целите за обезбедување на јавниот ред за време на претстојните протести.
