Во Лабуништа ќе се одржи„22-та Регионална ревија на песна музика и игра“ за пензионери

Во ресторанскиот комплекс „Рибник“во село Лабуништа,Струшко, на 13 април 2024 се
одржа консултативен состанок со претседателите на здруженијата на пензионери и
своите соработници задолжени за културно-забавениот живот на пензионерите од
Осмиот регион што ги опфаќа здруженијата на пензионери од Лабуништа, Струга,
Вевчани, Охрид и Дебарца, Дебар и Центар Жупа, Кичево, Македонски Брод и
Гостивар.

Согласно заклучоците на Комисијата за Културно-забавен живот при Сојузот на
здруженијата на пензионери на Македонија, за оваа година домаќин на одржувањето
на 22-та Регионална ревија на песна музика и игра за 2024 година, му е доделено на
здружението на пензионери од Лабуништа, која ќе се одржи на 11 мај оваа година.
По тој повод претседателот на ЗП Лабуништа Лутвија Салоски, во насока на
имплементација на заклучоците од Комисијата за култура и забавен живот (К.К.З.Ж.)
организира консултативен состанок на кој се извршија неопходните подготовки и
критериуми согласнопрепораките на Комисијатапри СЗПМ.
На состанокот покрај претседателот Лутвија Салоски и претседателот на
Комисијата Екрем Мемиши, присуствуваше Ристо Трајкоскичлен на Комисијата за
култура при СЗПМ, која ги пренесе препораките од комисијата.

Додека пак претседателот на Лабунишкото здружение , Лутвија Салоски, го
образложи правилникот и содржините кои ќе бидат реализирани на самата
манифестација, беше извршена ждрепка за редоследот на настап на пеачките групи од
присатните здруженија, исто така заеднички беше договорено и менито за тој ден.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ