Либанското Министерство за здравство соопшти дека е зголемен бројот на загинати во ноќниот воздушен напад во центарот на Бејрут. Девет лица загинаа, а 14 се повредени, соопшти Министерството за здравство.
Дел од загинатите се спасувачи и болничари, според бејрутската цивилна одбрана.
Дописникот на Би-Би-Си од Бејрут вели дека целта била станбена зграда во која се наоѓа медицински центар, за кој се верува дека е поврзан со Хезболах.
Фото: Архива