
Најмалку 58 лица починаа во епидемијата на колера што избувна во Нигерија, објавија денес властите на земјата, пренесува Ројтерс.
Според извештаите, епидемијата избувнала во државата Баучи на североистокот на Нигерија.
„Државата Баучи регистрираше најмалку 258 нови случаи на инфекција и 58 смртни случаи“, изјави заменик-гувернерот Аувал Мохамед Џатау на инаугурацијата на два комитета, формирани со цел спречување на инфекција и брз одговор на ситуацијата.