Во резервоарот на вода во Џепин се поставија фотоволтаични панели

Со проект и реализација од страна на Општина Струга, кај резервоарот на вода во село Џепин се поставија фотоволтаични панели. Целта на овој проект е овие панели, произведувајќи електрична енергија, да ги намалат трошоците за електрична енергија која се користи од пумпите за пумпирање на питка вода.

Според проектот, фотоволтаичните панели значително ќе ги намалат фактурите за потрошена електрична енергија за работењето на пумпите, кои ја снабдуваат со вода населбата Делогожда од изворот, односно резервоарот кај село Џепин.

Продолжуваме со проекти во корист на граѓаните!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ