Иако на Балканот главно во изминатите денови има пеколни температури, сепак, во Словенија температурите паднаа толку ниско што придонесе и за снег во јули.
Снег заврна на надморска височина од 2.200 метри, објави Словенечката агенција за животна средина (АRSO).
Снимките од метеоролошките камери на Кредарица и Канин јасно го покажуваат првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот наутро се измерени 0 °C.