Во тек е голема спасувачка акција: Пет лица заробени во јама во Словенија

Во саботата попладне поради обилните врнежи пет лица останаа затрупани во Крижна јама во Словенија. На лице место интервенирале повеќе единици на спелеолошката спасувачка служба, како и пожарникари, јавува N1 Словенија.

Спасувањето се уште е во тек. Како што изјави Валтер Закрајшек, шеф на Службата за спасување пештери (JRS), за N1, нуркачите успеале да стигнат до затрупаните луѓе во текот на ноќта кои се во добра состојба. Сега чекаат водата во пештерата да се повлече. Во најдобар случај, тие ќе бидат извлечени од пештерата во понеделник навечер. Повеќе ќе се знае по прес-конференцијата во 12 часот.

„Тие беа фатени на суво и безбедно место зад сифонот, но многу длабоко во пештерата“, изјави Закрајшек за N1.

Нуркачите им доставуваат храна и вода, комуникацијата е отежната поради оддалеченоста од 2.400 метри.

Спасувањето се уште трае, изутрината екипите на теренот наизменично се менуваа – на помош дојдоа и пештерски спасувачи од Крањ, а за брзи интервенции се и нуркачи од цивилната заштита.

Не е сосема јасно кога заробените луѓе ќе можат да излезат од пештерата бидејќи се зависи од тоа кога ќе падне нивото на водата.

Се надеваме дека тоа ќе се случи во понеделник навечер“, додаде соговорникот. Според податоците на JRS, ова е прва ваква голема и тешка спасувачка акција во Крижна јама.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ