Вонредна состојба во Вануату поради земјотрес и циклон

Вануату денеска прогласи вонредна состојба поради нов циклон и земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија таа островската држава во Тихиот Океан со околу 320.000 луѓе.

Земјотресот се случил на десет километри под морето, во близина на големиот остров Еспириту Санто, покажуваат податоците на Американскиот институт за геофизикa.

По тој земјотрес во Вануату имало уште еден со интензитет од 5,4 степени.

Центарот за предупредување од цунами со седиште на Хаваи не издаде предупредување за цунами.

Во моментот на земјотресите, жителите на Вануату веќе се засолниле во своите домови поради силните ветрови кои носеле покриви и корнеле дрвја.

Циклонот Џуди поминал низ Вануату со ветрови со брзина од 200 км/ч. Обилните дождови ги поплавиле патиштата, а островот се уште е делумно без струја и комуникации.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ