Возач на градски автобус во Љубљана се бори за живот откако бил нападнат со нож

Полицијата во главниот град на Словенија, Љубљана синоќа добила повик за напад во центарот на градот. Непознато лице тешко повредило возач на автобус на јавен превоз, а потоа избегало од местото на настанот.
Осомничениот на нападот бил уапсен неколку часа подоцна. Мотивот за нападот засега не се познати.
Според последните информации, состојбата на возачот е стабилна, но и натаму е во животозагрозувачка состојба.
Сведоци на нападот за Словенечката новинска агенција изјавиле дека нападот се случил во еден од градските автобуси, при што веднаш застанал на станица. Рекоа дека виделе како двајца мажи излегуваат од автобусот и физички се пресметуваат.
Полицијата веднаш почна истрага.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ