Возел со 200 км/ч и снимал сѐ : Неколку минути подоцна се убил себе и сопругата, а нивната ќерка се бори за живот

Еди Зџелар (24) и неговата сопруга загинале во тешка сообраќајна несреќа кај Новска во Хрватска.

Зџелар управувал BMW со кое со голема брзина удрил во камион на автопат, а со нив во автомобилот имало и дете.

Неколку часа пред несреќата, тој на својот „Фејсбук“ профил објавил видео на кое се гледа како вози со BMW-то на автопат, како и дека возел повеќе од 200 км/ч. На видеото во заднина гласно се слушаат народни песни, додека надвор врне.

Зџелар во еден дел од видеото ги поздравил своите пријатели ии ги известил дека оди на крштевка. Видеото е снимено во периодот од 14:30 до 14:45 часот, што одговара на времето на несреќата која е пријавена во 15 часот.

Тој веќе еднаш предизвикал несреќа

Порталот „24sata“ пишува дека во 2019 година Зџелар скрил уште една сообраќајна несреќа со смртни последици. Во местото Ковачевац кај Нова Градишка, како возач на комбе изгубил контрола над возилото и неконтролирано преминал на другата страна од патот и удрил бетонски мост.

Тогаш загинале маж и неговата бремена сопруга.

Девојчето е во болница, надвор од животна опасност

Во петокот, на 31 мај, околу 15:00 часот, на северната коловозна лента на автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац, помеѓу крстосниците Окучани и Новска, се случила сообраќајна несреќа во која две лица се загинати, а едно лице е тешко повредено, соопштила полициската управа Сисак-Мославина.

До несреќата дошло кога 24-годишник, управувајќи автомобил со новоградски ознаки во правец на Новска, удрил во задниот дел на камион со босански национални ознаки кој се движел пред него во истиот правец.

На местото на настанот загинале возачот и 20-годишната сопатничка од автомобилот (двајцата хрватски државјани), а нивните тела се пренесени во болницата во Сисак каде ќе биде извршена обдукцијата, додека детето е потешко повредено.

Како дознава „Jutarnji list“ од КБЦ Загреб, девојчето е стабилно и моментално надвор од животна опасност. 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ